Tuesday, August 14, 2012

„сурово & здраво“ - посебна категорија на новиот www.surovoivkusno.com блог!

Сите досегашни и нови постови од „сурово & здраво“ ќе можете да ги лоцирате во категоријата Сурово и Здраво, на:

http://www.surovoivkusno.com/category/surovo-i-zdravo/

Monday, August 13, 2012

„сурово & вкусно“ со сопствен домен!


Здраво на сите! Сакам да ве известам дека од пред неколку дена овој блог е целосно префлен на www.surovoivkusno.com 

За сите ваши омилени досегашни рецепти, како и за понатамошни нови рецепти и информации, одете на www.surovoivkusno.com  - најновата рецепта за Гранола Коцкички е веќе таму! :) 

Гооолем поздрав, и уште поголема благодарност за вашата посетеност! 
Ана 

Sunday, July 8, 2012

Месо - зошто НЕ треба да го јадеме

Најчестиот совет на докторите кога имаме здравствени проблеми, било да се од поедноставните како повраќање и дијареа, или посериозни дури и неизлечиви болести, е да го намалиме или целосно прекинеме внесувањето на месо и месни производи, па дури и сите останати производи од животинско потекло. Еве една подетална статија објавена на порталот За Здравје. Автор на текстот е: Милица Павлова. 

Сето она што не опкружува има своја вибрација, и од тоа каква храна земаме зависи и функционирањето на нашиот организам, нашата духовна, ментална и здравствена состојба, нашите мисли, расположението, чувствата и однесувањето. Храната која допринесува за нашето добро расположение и среќа, за позитивните мисли, динамиката на животниот стил и внатрешниот и надворешниот мир е храната од растително потекло богата со витамини и минерали, потоа, интегралните житарки богати со јаглени хидрати, јаткастото овошје и семките. 

Храната која во себе содржи поголемо количество белковини и масти, посебно од животинско потекло, кои пред се, се наоѓаат во месото и рибата, влијаат на забавеноста, тромоста и инертноста на организмот, бидејќи и самиот процес на варење и асимилација е побавен. Претераното земање на оваа храна предизвикува нервоза, алергија, депресија и немир, особено ако се конзумира месо кое не е од органско потекло. 
Човековиот организам не е прилагоден ни по системот за преработка (вилиците), ни по системот за варење (желудникот и цревата) за консумирање на месо. Луѓето кои претежно консумираат месо и месни преработки се агресивни, брзо се лутат, се зацрвенуваат, нетолерантни се и повеќето од нив патат од покачен крвен притисок. 
Покрај тоа, штом се заколе животното, доаѓа до распаѓање на белковините кои предизвикуваат гниење на месото и тоа добива сивкастозелена боја. Заради тоа месото го бојат со вештачки бои (нитрити и нитрати) и колку е постаро, потребни се повеќе хемикалии да се добие свежа црвенкаста “природна“ боја..... Повеќе за МЕСОТО И НЕГОВАТА ШТЕТНОСТ  
Сигурна сум дека многумина по читањето на оваа статија би се замислиле дали треба да продолжат да конзумираат месо?! 
  

Friday, June 15, 2012

Прашањето за Протеините

Уште едно многу често прашање е: како се внесуваат доволно протеини кога се храните со сурова веганска храна? 

  • Врз основа на 700 студии, докажано е дека исхрана која содржи околу 7% протеини е повеќе од доволно за повеќето луѓе. 
  • Суровата храна има многу повеќе употребливи протеини и со подобар квалитет отколку готвената храна. Па според тоа ќе ви треба помала количина од истите. 
  • Повеќебројни студии покажуваат дека јадењето вегански протеини е многу поздраво од протеините од животинско потекло (млеко и месо). 
  • Најдобрите извори на не-животински протеини се зелените лиснати зеленчуци (спанаќ, кељ, магдонос), брокула, краставица, артичоки, целер, јатки и семки (коноп, лен, тиква, бадеми), (пченични) треви, никулци, зрна. 

Според овие податоци, изгледа тешко да НЕ се внесуваат доволно протеини во текот на денот, освен ако не сте фрутариан (да се храните само со овошје). Овошјето воглавно нема протеини. 


* РЕФЕРЕНЦИ: The Best of Raw Food (Esme Stevens is the president of Raw Food Europe and has the number 1 website for starters of a raw food diet: thebestofrawfood.com)

Friday, May 25, 2012

Прашањето за Калциумот

Ако не треба да конзумираме млеко и млечни производи, се поставува прашањето: како ќе внесуваме калциум во нашиот организам?

Многумина сеуште веруваат дека е неопходно да се користат млечни производи во исхраната за да се внесе доволно количество на калциум. Сепак многубројни студии покажале дека калциумот од млечните производи е всушност штетен за нашите тела. Тој не се абсорбира добро, и може да формира наслаги во телото, а особено околу зглобовите, предизвикувајќи низа заболувања.

Ако е тоа навистина така, се поставува другото прашање: зошто на секој чекор гледаме и слушаме дека млекото и млечните производи треба да се составен дел од нашата секојдневна исхрана? Одговорот е едноставен: млечната индустрија е една од најголемите индустрии во светот, која што врти многу пари, и без неа би пропаднале многу општества.  

Освен од калциумот, човековите коски се состојат и од над 12 други минерали. Па според тоа, Остеопорозата е дефинирана како „губење на минерали во коските“, а не како „недостаток на калциум“. 

Растенијата содржат доволни количини на калциум, протеини, минерали и други хранливи материи што ќе ги задоволат нашите потреби. Она што им е потребно на нашите тела е калциум од растително потекло, а најмногу го има во следните растенија: 
  • семиња: сусам и сончоглед.
  • зрнести плодови: бадеми, бразилски ореви, лешници и обични ореви.
  • зеленчук: зелка и брокула.
  • овошје: смокви, кајсии и маслинки. 


* РЕФЕРЕНЦИ: Better RawRaising Raw Vegan Children E-Book @ The Garden Diet

Thursday, May 24, 2012

Млеко - зошто НЕ треба да го пиеме?

Кога пиеме кравјо млеко, една работа треба да ни е на ум: тоа млеко е прецизно формулирано за животно кое што ќе тежи 900кг и ќе има мозок голем колку половина диња! 

Природата е многу прецизна во начинот на кој ги создава работите, па затоа пропорциите на калциум кои што се потребни за развојот на телото на едно теле се вклучени во млекото на неговата мајка. Тоа го прави кравјото млеко премногу тешко за човековиот организам. И не само тоа: телето го пие млекото директно од својата мајка, онака како што е природно создадено. Млекото што го пиеме ние е преработено: се загрева до точка на вриење, се пакува и стои во магацините и продавниците по којзнае колку долго, со што тоа има многу мала сличност со она што оригинално потекнува од кравите. 

Млекото е наменето за новороденчиња, било да се тоа луѓе или животни. Тоа служи за да им помогне на доенчињата да преминат од раѓањето до одредено ниво на зрелост. Во случајот со животните, по извесен период мајката ги одбива своите доенчиња и тие никогаш повеќе не пијат млеко до крајот на својот живот. Човекот пак е единственото суштество на планетата кој како возрасен пие млеко, и тоа млеко што потекнува од друго животинско суштество. 

Направени се студии каде што едно теле е хрането со пастеризирано млеко (преработено во онаква форма во каква што го конзумираме ние луѓето). Друго теле е хрането со млеко директно од својата мајка се додека таа не го одбие. Што мислите, кое од овие две телиња имало поголеми здравствени проблеми? И не само тоа, здравствените проблеми кои што ги имало телето што било хрането со пастеризирано млеко биле многу слични на оние што ги имаат луѓето. Доколку имате премногу калциум во вашиот организам, тој мора да стори нешто со него, и почнува да го таложи на краевите од коските. По некое време тие коски стануваат неисправни, и се формира АРТРИТИС.

Ова не се случува одеднаш, туку се акумулира со текот на времето. Кога ќе навлезете во своите 30-ти и 40-ти години, полека почнуваат да се појавуваат симптомите. Меѓутоа овие симптоми се на такво ниво на национална епидемија што никој не сфаќа дека тоа се симптоми предизвикани од она што го конзумираме и од нашите лоши навики. Најчесто ќе слушнеме: „Ах, старееш! Тоа е нормално за твоја возраст“. Но не е нормално! Ние самите сме го забрзале нашиот процес на стареење. 


* РЕФЕРЕНЦИ: The Garden Diet E-book @ The Garden Diet

Tuesday, May 22, 2012

Што, зошто, како?

* Што е сурова храна? 
Сурова храна е храна исклучително од растително потекло, која не се готви т.е. загрева над 45С целзиусови бидејќи со тоа се смета дека се уништуваат најголемиот дел од нејзините ензими, витамини, минерали и протеини. Храната се конзумира онака како што дошла од природата. Единственото приготвување се состои во цедење, блендирање и сецкање. 

* Зошто да се јаде сурова храна?
Тоа е оригиналната форма во која што природата ја создала храната за нас, а природата е многу точен и прецизен креатор! Нејзините нутриенти изумираат на висока температура, и кога јадеме готвена храна не го потхрануваме нашиот организам целосно. 

* Што да се јаде сурово?
Постојат стотици видови на сурова храна кои што можат да се најдат на пазарот, или уште подобро директно кај фармерите, а доколку постои можност многу од нив може да се одгледуваат во сопствената градина, па дури и на балкон! Најпрво треба да се јаде она што е локално, органско и сезонско. И секако треба да се јаде разноврсна сурова храна: 
Зеленчук: домати, краставици, пиперки, марула, спанаќ, зелка, брокула, карфиол, авокадо, моркови, грашок, целер, цвекло, кромид, лук, магдонос, целер... 
Овошје: јаболки, круши, банани, портокали, мандарини, цитрони, лимони, манго, грозје, лубеници, дињи, сливи, праски, кајсии, јагоди, малини, ананас, кокос... 
Јаткасто овошје: бадеми, лешници, ореви, индиски и бразилски ореви, семки од тиква, сончоглед, семе од коноп, лен, сусам... 

* Како да се јаде сурова храна? 
Се препорачува транзицијата да се направи полека. Во спротивно може да дојде до исфрлање на премногу токсини во организмот одеднаш, при што истите може да се реапсорбираат назад во телото доколку има било каква блокада во цревата. Ова може да предизвика симптоми слични на грип, лошење, повраќање, висока температура и треска.