Sunday, July 8, 2012

Месо - зошто НЕ треба да го јадеме

Најчестиот совет на докторите кога имаме здравствени проблеми, било да се од поедноставните како повраќање и дијареа, или посериозни дури и неизлечиви болести, е да го намалиме или целосно прекинеме внесувањето на месо и месни производи, па дури и сите останати производи од животинско потекло. Еве една подетална статија објавена на порталот За Здравје. Автор на текстот е: Милица Павлова. 

Сето она што не опкружува има своја вибрација, и од тоа каква храна земаме зависи и функционирањето на нашиот организам, нашата духовна, ментална и здравствена состојба, нашите мисли, расположението, чувствата и однесувањето. Храната која допринесува за нашето добро расположение и среќа, за позитивните мисли, динамиката на животниот стил и внатрешниот и надворешниот мир е храната од растително потекло богата со витамини и минерали, потоа, интегралните житарки богати со јаглени хидрати, јаткастото овошје и семките. 

Храната која во себе содржи поголемо количество белковини и масти, посебно од животинско потекло, кои пред се, се наоѓаат во месото и рибата, влијаат на забавеноста, тромоста и инертноста на организмот, бидејќи и самиот процес на варење и асимилација е побавен. Претераното земање на оваа храна предизвикува нервоза, алергија, депресија и немир, особено ако се конзумира месо кое не е од органско потекло. 
Човековиот организам не е прилагоден ни по системот за преработка (вилиците), ни по системот за варење (желудникот и цревата) за консумирање на месо. Луѓето кои претежно консумираат месо и месни преработки се агресивни, брзо се лутат, се зацрвенуваат, нетолерантни се и повеќето од нив патат од покачен крвен притисок. 
Покрај тоа, штом се заколе животното, доаѓа до распаѓање на белковините кои предизвикуваат гниење на месото и тоа добива сивкастозелена боја. Заради тоа месото го бојат со вештачки бои (нитрити и нитрати) и колку е постаро, потребни се повеќе хемикалии да се добие свежа црвенкаста “природна“ боја..... Повеќе за МЕСОТО И НЕГОВАТА ШТЕТНОСТ  
Сигурна сум дека многумина по читањето на оваа статија би се замислиле дали треба да продолжат да конзумираат месо?!