Tuesday, May 22, 2012

Што, зошто, како?

* Што е сурова храна? 
Сурова храна е храна исклучително од растително потекло, која не се готви т.е. загрева над 45С целзиусови бидејќи со тоа се смета дека се уништуваат најголемиот дел од нејзините ензими, витамини, минерали и протеини. Храната се конзумира онака како што дошла од природата. Единственото приготвување се состои во цедење, блендирање и сецкање. 

* Зошто да се јаде сурова храна?
Тоа е оригиналната форма во која што природата ја создала храната за нас, а природата е многу точен и прецизен креатор! Нејзините нутриенти изумираат на висока температура, и кога јадеме готвена храна не го потхрануваме нашиот организам целосно. 

* Што да се јаде сурово?
Постојат стотици видови на сурова храна кои што можат да се најдат на пазарот, или уште подобро директно кај фармерите, а доколку постои можност многу од нив може да се одгледуваат во сопствената градина, па дури и на балкон! Најпрво треба да се јаде она што е локално, органско и сезонско. И секако треба да се јаде разноврсна сурова храна: 
Зеленчук: домати, краставици, пиперки, марула, спанаќ, зелка, брокула, карфиол, авокадо, моркови, грашок, целер, цвекло, кромид, лук, магдонос, целер... 
Овошје: јаболки, круши, банани, портокали, мандарини, цитрони, лимони, манго, грозје, лубеници, дињи, сливи, праски, кајсии, јагоди, малини, ананас, кокос... 
Јаткасто овошје: бадеми, лешници, ореви, индиски и бразилски ореви, семки од тиква, сончоглед, семе од коноп, лен, сусам... 

* Како да се јаде сурова храна? 
Се препорачува транзицијата да се направи полека. Во спротивно може да дојде до исфрлање на премногу токсини во организмот одеднаш, при што истите може да се реапсорбираат назад во телото доколку има било каква блокада во цревата. Ова може да предизвика симптоми слични на грип, лошење, повраќање, висока температура и треска. 

No comments:

Post a Comment